„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Белег Твоето присуство остави белег при мене, да не заборавам дека си ми бил љубовник...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Патем додаде: „Така ќе оставиш белези за себе, а тебе ќе те нема.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еднаш и ти љубеше една јас... ми остави белег на усните кој ќе трае бесконечно...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Гола кожа, соголено предавство, искри, сеќавање: можеби првото предавство, со првата Марија така почнало, со гол допир и искри; почнуваше да сознава дека во него ќе течат, ќе палат ќе остават белези две Марии. Две во еден живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)