остави (гл.) - таа (зам.)

Ване лежи онака како што го остави таа, покриен со старото палто од татко му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Па, што па можела да остави таа сиротица зад себе? - гласно размислуваше Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, да ја оставиме таа голема љубов на Тодор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)