остава (гл.) - отворен (прид.)

А, истовремено секоја селска куќа, која има девојки за мажење, прозорците на собите каде што тие спијат ги оставаат отворени и низ нив може да влезе секој младич - кандидат за женидба и да биде со девојката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, аргументот за приватниот јазик вели дека јазикот не може да биде логички приватен, т.е. да може да му биде познат единствено на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тврдењето дека јазикот не може да биде логички приватен не е тврдење дека тој е логички јавен, бидејќи тоа ја остава отворена можноста за контингентна приватност, т.е. можноста за некој Робинзон Крусо напуштен на некој остров од своето раѓање, кој сепак преживува и во текот на растењето развива јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знаете, едно е да убиеш, а друго е да се има некого на совест.” превод и подготовка: Игор Ангелков користени се книгите за Хичкок на Трифо и Богданович 150 Margina #22 [1995] | okno.mk ALFRED HITCHCOCK CHCOCK okno.mk | Margina #22 [1995] 151 The Paradine case Birds Rebecca О К К А Ч А Н А Т А Њ В И В У О ЈА П Х Lifeboat Young and innocent 152 To catch a tief Margina #22 [1995] | okno.mk Славој Жижек ДОПИСНИКОТ ОД СТРАНСТВО (1940) Дописникот од странство е шпионски трилер со јасна политичка нота против пацифистичкиот неутрализам, што всушност ⥊ остава отворен пат на фашистичката нападност; заклучната сцена, радио извештајот на јунакот од бомбардираниот Лондон во свое време делуваше дури непосредно мобилизаторски.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Епа,“ вели другиот, „тоа е направа за лов на лавови во Шкотските висорамнини.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тамам го помислувам тоа, еве ти го него, целиот задишан се бувнува во вратата, ги соблекува без да ги одврзе патиките, едната ја фрла на една страна, другата на друга, ја остава отворена вратата од шкафчето за чевли... Збеснувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дека не требало да ги оставам отворени вратите зад себе, туку по секое поминување, требало да ги затворам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја остава отворена можноста дека ситуациите на кои дрег-кралиците им се смеат не се толку ужасни и трагични – или дека ним не им се ужасни и трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На него оставаат отворени вагони со јаглен кој подоцна се претвора во црна ортома што бега во небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Станува и врти накај вратата. Ја остава отворена.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја остава отворена.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Друго: дали тие два изворни геста можат барем естетички да се “интегрираат”?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доколку веќе “метафизичката” проблематика се остава отворена, онака како што се прави тоа да � соодветствува на состојбата на нашето мислење во премин, сепак треба барем да ги претставиме “тенденциите”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)