Германските и бугарските војски се гонат и, дел по дел, град по град, се ослободува земјата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сметал дека со доаѓањето на власт на тие сили македонското прашање ќе биде решено многу брзо и дека "нема да постои македонски проблем".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Според него, првиот проблем на Бугарија е да "ја ослободи земјата од нацистите", потоа тие сили би "вршеле други работи, кои се многу поважни".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)