опфати (гл.) - и (чест.)

Можеа со еден поглед да го опфатат и целиот оној огромен човек пред себе, онака црвенокос, со здравје на бог, што бликаше во секое негово движење, во секое влакно од неговата коса, и наеднаш имаа исподзаборавено на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Единствено небото кое се пружа мадро не само над мене ја знае вистината: немоќно да се огледа во водите на земјава снагата да си ја опфати и ликата своја чекорот си го продолжува потаму во безсознание надоврзувајќи се на себеси без крај надоврзувајќи се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со касаторната одлука на Уставниот суд од 29.06.2011 година оваа неправда е исправена и истиот дискриминаторски став е укинат и со него се опфати и оваа категорија на работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со таа разлика што сега промените не се однесуваат само на пресметувањето на пензиската основа при добивањето паричен надо- месток во случај на невработеност, туку го опфатија и надоместокот на плата во случај на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство или професионална неспособност за работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)