Кога не пука непријателот на нас, господ продолжува да пука: постојано нѐ опсипува со снег и дожд. Солзите ни се мешат со него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вистинската награда и вистинските задоволства ми ги доделија читателите кои ме опсипуваа со пофалби.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ако не нè префрлате во Албанија што ќе биде со нас? (Ќе видиме; мораме да ве спасуваме...) Како? (Има наредба: кој може, кој е поздрав, треба да тргне пеш преку Косово...) Се оди прекутрупа, низ нивје, низ кални патишта, непријателот опсипува со гранати; една од нив паѓа близу, ја затресува земјата, ја откорнува и го покрива Трајана.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)