оправда (гл.) - постоење (имн.)

Само читањето го оправдува постоењето на книгите!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, тогаш, сето останато е оправдано, бидејќи доволна е само една пасија за да се оправда постоењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тоа не го оправдува постоењето ниту на едниот ниту на другиот воен сојуз, а уште повеќе да дејствуваат врз јаничарски принцип, односно да се служат со туѓа крв за да остварат свои цели на доминација во името на нацијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе настојуваше да го оправда постоењето на Атеистичкиот музеј, тој сѐ повеќе ми наликуваше на своевиден концентрационен логор на душите...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ништо не беше како некогаш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вербата во човековата моќ да ја објасни новата судбина даваше на преземената дипломатска мисија некаква дополнителна моќ, која можеби и го оправдува постоењето на оваа професија во времето кога во светот се губи смислата на некогашните граници, кога заедничката планетарна судбина станува неодминлива реалност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)