оплакува (гл.) - свој (прид.)

Колку е животот неправеден, - ја оплакував својата зла судбина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Влегувала и со часови не излегувала. Дали молитвела, дали коленичела, дали липала и ја оплакувала својата судбина, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Е, Јано, Јано! Што направи со себе! Овде на брегот на Тиса дојде да го оплакуваш своето минато.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)