Приватното тело се користи како материјал на формата, субјективна ствар и содржина во којашто се урушуваат искуствата и институциите на политиката на телото. (Stiles 1992:96) Stiles го опишува тој процес како „реконституција на хуманистичкиот проект, скршнување од трансценденталниот субјективитет на холистичкиот хуманизам кон еден полисемичен хуманизам што го карактеризира независната позиција на субјектот“; боди арт-от таа го опишува како развој од фигурација до отелотворување, како одговор на едно десензибилизирано општество каде што интерсубјективностите им се спротивставени на објективностите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)