опира (гл.) - со (предл.)

Се опира со грбот преку наслонот на столицата, замижува малку и мисли: „Веројатно не се лажев, треба да имаше таков потез, но јас не можев да го најдам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)