олесни (гл.) - мака (имн.)

Ама, не го ни дорече тоа, а портата заклепа и почнаа да се редат пријатели како кај болен, да му ја олеснат маката со својот збор, а и скришум да се порадуваат дека не се на негово место.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Оф, леле, прости ми, Господи, сум се развикала како споулавена... малку од малку да ми олесни маката... котлево со вода да го наполнам. До дома да го однесам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)