окуражи (гл.) - од (предл.)

- И окуражен од смеата, што ја предизвикаа неговите зборови кај другите, продолжи со истиот тон да му се подбива: - Врзи си го јазикот, зарем отиде, ќе онемиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Толе се окуражи од случките, та и сам беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата што му ја направи посестрима му Цвета од Дуње, и слободно почна да се движи по Старо Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)