означи (гл.) - крај (имн.)

Театарското здание требаше да го означи крајот на источното и почетокот на западното време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
149. Српскиот цар Урош (1355-1371) владее во времето на интензивното распаѓање на оваа веќе разединета феудална држава; неговата смрт го означи крајот и на привидната централна власт на државата. 150.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние утре ќе прогласиме Република, ќе го означиме крајот на шествековната деспотска монархија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго време музиката на маршот му го потиснуваше сонот, ги движеше мислите, но кога дијамантската игла врз плочата го означи крајот на маршот на славниот Бетовен и настапи целосна тишина во просторот, Климент Камилски беше веќе заспан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Скендербег со својата смрт го означи крајот на јаничарскиот круг во својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седевме во мракот на Синематик и го гледавме метар по метар материјалот што го снимивме во текот на целата таа година по сите места во кои бевме - Сан Франциско, Саусалито, Лос Ангелес, Филаделфија, Бостон, Хемптон и ширум Њујорк, во кој се наоѓаа сите наши пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека го гледав сето тоа заедно таа ноќ, имав впечаток дека е многу повистинито (мислам, поневистинито, што всушност е многу повистинито) отколку кога навистина се случило - Еди и Ондин, еден покрај друг на пуста и ветровита плажа, облачен ден и само звукот од камерата, додека нивните гласови се губат во ветрот и одат некаде над песокот, додека се обидуваат да запалат цигара и сето останато.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа време за тој филм воопшто не размислував како за меѓаш, но кога сега ќе погледнам наназад, тој навистина го означи крајот на периодот во кој правевме филмови само за да ги правиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Според извишениот патетичен глас, К.К. го означи крајот на своето излагање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тодор, мртов сериозен, како што го личи човек во државна служба го означи крајот на состанокот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова се случувало во јасен пролетен ден, еден од првите во април, поточно на вториот или трет ден од кусата априлска војна во 1941 година што го означи крајот на кралството Југославија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вториот дел трае околу 15 минути. Помошниците го означуваат крајот, а гледачите се присилени да се оддалечат. 56 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Светлото и музиката се менуваат, изведувачот останува неподвижен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо со мирисот на цутовите, воздухот беше презаситен со атмосферата на протести, немири и општ неспокој што го означија крајот на март и конечно со веста за државниот удар извршен против прогерманската политика на Дворот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе прашаа само како сме, дали сме здрави и живи и веќе ќе се чуеше оној омразен сигнал што го означува крајот на разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Цветан Горски, првин погледна за прв пат по своите белешки, па продолжи: - Земено глобално - градбата на хидроцентралите сигурно ќе го означи крајот на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И продолжуваат да постојат дури и во нашиот глобализиран свет каде што новонастанатиот единствен глобален економски систем и постојаниот технолошки напредок соборуваат многу граници, истовремено поставувајќи нови граници и хиерархиска стратификација. 75 Umberto Eko, Kultura, informacija, komunikacija (Beograd: No- lit, 1973), 208-209. 60 Границите го означуваат крајот на еден свет, но и почетокот на друг.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како такви, тие играат бројни функции: разликување, регулација, поврзување; тие се социјални простори кои произведуваат односи на моќ; служат како основа за економска нееднаквост и исклученост, како и размена; тие се и структури и симболи на државната безбедност и суверенитет; тие се ентитети кои создаваат и пренесуваат значење, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)