Ударите што ги правеше, и ноќе му одѕвонуваа во сонот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја поздравив вечерта, смевосмело, смевозаразно, и си продолжив полетно со озвучените патики и со мами-поглед кошулата во прегратка на средбата, додека ехото на смевопесната ми одѕвонуваше во ушите, со смеа, смеа, смеа, смеа...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Касата одѕвонуваше во регуларни интервали, а Бланш им се заблагодаруваше на муштериите и ги канеше да се обидат да играат на таблите со концентрични кругови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)