одржува (гл.) - свој (прид.)

Јасер Арафат, како ретко кој владетел во светот, требаше да најде свој пат за својот народ во историјата, да го врати од светскиот егзил во својата татковина Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ете нѐ сега нас в среда наутро со нашите стомаци залепени за ‘рбетите, измрзнати, живееме по пештери, не пушиме, не пиеме и не правиме ништо, Том. освен што ги одржуваме своите прослави.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка ја имаше моќта да ја одржува својата самота, да слегува до нејзиното дно, што можеше слободно да се разбере и како сопствено допирање во душата, во која ги криеше реликвиите на своето минато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)