одржува (гл.) - во (предл.)

Слушав од овдешните луѓе дека карневалот се одржува во февруарските дни со цел на луѓето да им се овозможи разонода и да се разбијат и отстранат и по овојпат „духовите на зимското сивило и едноличност“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Филигранството или кујунџиството претставува вид уметнички занает, кој најдолго го одржува во живот живиот дух на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот мајчин македонски јазик, којшто беше службено кодифициран пред само неколку години, со утврдена азбука, граматика и правопис, но со богата орална и книжевна традиција, најден во океанот на словенските јазици, група во која припаѓа, сега требаше да се ослободува од натрапничките турцизми кои со векови се одржувале во јазикот, во еден вид јазично заедништво и со другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку и да ми фалеа пари, секој таков момент ме одржуваше во тој „центар на светот“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бевме драгоцени еден за друг, извор на сила која нѐ одржуваше во облакот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така викендов по дома организиравме воени вежби налик на оние СВОЗ-манифестации што на времето се одржуваа во нашата месна заедница Тафталиџе Два: Јасна ми бира кошули што најдобро ќе го одразат мојот буен режисерски талент, мојот адвокат Пол ми пишува говори што ниту за две години не би можел да ги научам, на балконот на Нено и Милена е формиран кризен штаб за заднинска поддршка, а јас визионерски шетам низ дневна замислувајќи како во блиска иднина Рихана ме преколнува за соработка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стаклената несигурна вага на која се мерат неразоткриените работи со познатите, многу тешко ја одржува во рамнотежа во услови кога мислите се во непрестајно движење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сети на легендата според која еден штрк не одлетал со јатото, останал да го храни и да го одржува во живот својот татко кој не можел да одлета поради староста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Судот во поканата особено ќе предупреди на законските последици поради изостанување од рочиштето (чл. 106, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рочиштето, по правило, се одржува во судската зграда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еден од поводите да го направиме овој мал тематски блок беше и овогодишната Летна школа на архитектите што се одржува во манастирот Јоаким Осоговски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И најпосле, зошто да правам напори да се одржувам во животот по секоја цена? Заради тоа што треба да поживеам уште малку?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)