одржува (гл.) - некаков (зам.)

Постоењето на границата во нашето семејство не се сметаше само за мит, за минато и за иднина, туку и за живо суштество кое, макар далеку од нас, не престануваше постојано да одржува некаков немир во нас, да живее против нас, да ја одржува неизвесноста, да ни ја дели судбината, минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Македонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)