одреди (гл.) - и (сврз.)

Тој стана некако пожив, дури и со поцврст карактер, како човек, што веќе си ја одредил и поставил целта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
При градењето на Вавилонската кула, Господ бил тој што ја одредил и мерката и казната. Ги измешал јазиците на луѓето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа Камилски се одреди и за терминологијата и на следните зборови: темел, основата на една градба (од турски temel), кој се јавува мошне рано и во писмените текстови и не е исклучено да преминал и директно од грчкиот; кат, спрат (од турски kat); таван, плафон, поткровен простор (од турски tavan).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од заемките за означување простории во куќата, меѓу кои не малку се и во денешна употреба во балканските јазици, Камилски се задржа на: одаја, одаа, со значење соба (од турски oda); чардак, истурен (покриен) преден дел на куќа (најчесто на горниот кат), со отворени бочни страни што по некои куќи се застаклени и со убава глетка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто е започнато еднаш и не е завршено така што се чувствуваме тоа, најпосле, на сон или на јаве да го одредиме и да го завршиме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)