однесе (гл.) - в (предл.)

Што можев? Наредив да ја однесат в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш мене ми пукна слепото црево, и ме однесоа в болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го качија на коњ и го однесоа в град кај казанџиите; тие со триста маки, со разни ножици и глета, му го извадија котлето и му ја ослободија главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
САРА: Кога јас, господине Андреевиќ, би се однесувала онака како што вие од мене очекувате да се однесувам вие, прво, не би биле овде и, второ, би немале теоретски шанси да ме однесете в кревет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лео Берсани јако го пренесува чувството на геј-посраменост поради неминовната пропаст на геј-мажественоста упатувајќи на „класичното спуштање: влегува буч во бар и се топори наоблечен во кожа, зинува и звучи ко пешован, те носи дома, каде што првата работа што ја гледаш му се сите дела од Џејн Остин, те легнува на кревет и – и другото го знаеш“.320
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запознавам некого... мажиште... во бар или на бања и ми се гледа баш онаков... каков што го сакам. Згоден мустак, фармерка ливајс, штиркана војничка кошула... снага-човек...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа знае дека Пелагија со болка се разбудува на тој ден, постојано како да ѝ е лута на Богородица, ама нели си простија една со друга кога прв пат ја однесе в црква?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да ја однесат в гора, в зејгора, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога на себеси пак се повративме беа го однеле в двор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)