одлучи (гл.) - дека (сврз.)

Во неа се истакнува дека „е одлучено дека ние би требало да ги подмитиме протогеровистичките елементи, но под два услова: никому да не му се открие фактот дека средствата за подмитување доаѓаат од страна на Владата на Нејзиното Височество, освен на примачот и и дека нема да прифатиме политички обврски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дојдов дома, земав едно од оние знаменца што во тоа време ги ставаа во сладолед, внимателно го потопив под славина за да го одвојам од чачкалицата на која гордо се вееше, па отидов до дневна да дрпнам од лепакот што мајка ми го криеше во својата древна машина "багат" (некој на работа ѝ шушнал дека денешниве млади дуваат лепак, па мајка ми одлучи дека е подобро превентивно да спречи отколку накнадно да лечи).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Одлучи дека е потребно да постапува достоинствено а на работите да им приоѓа без непотребна скепса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога одлучи дека ќе оди во Охрид со манекенките, веќе ми беше сосема јасно каков избор направи. Ги одбра нив. Тоа болеше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Ќе се борам заради децата, морам“, беа твоите зборови откако цврсто се одлучи дека ќе поминеш низ сѐ што треба, па дури и радиотерапија и хемотерапија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)