Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Благица му мавна со рака. Врапчето заврте уште неколку кругови и одлета кон полето, кај дрвјата, цвеќињата, кај тревичката...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Огненото тело протрча крај нас, мина низ телото на отец Стефан како низ ништо да минува и одлета кон небесата, над шумата, над ридот. Така беше, оти не беше поинаку, смерни и бедни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За миг се загледувам во седалцето во десниот агол од балконот. Ластовичките веќе го напуштиле.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Одлетале кон јужните краишта. Ех, да сум ластовиче!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Додека ја минував границата, погледот ми одлета кон првиот облак кој се ближеше кон нас, небаре да ме подземе во височините, во среќното семејство, како во облак од слика на Шагал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оди сине, оди. Ме оставија моите, чиниш сираче, ме оставија, како птица откината од јато, кога одлетаа кон Цариград, ме оставија на брегов од Езерово, без нив да самувам, копнежот да ме срони.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Уште во мугрите, мислата ми одлета кон Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)