одлепува (гл.) - од (предл.)

Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Тргнувај!!! - сега прудолу, брзо, што побрзо, пред да набелеат планинските врвови, пред да се изгуби црвенилото над Сињачка планина под којa Костурското Езеро белузнаво се одлепува од распосланата црнина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога доаѓа приквечерината, Патрокле се одлепува од местото каде што е седнат (истото место што го зафатил сега Арсо).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ајде, вика Левтерија одозгора. - Ајде, велам јас, и одвај се одлепувам од местото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Фанка, ранета во левата рака, потстенкува, ама песна не одлепува од усни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)