А дали е ден или ноќ, познаваш по редоследот на тепањето: секој ден тепање, систематично, како по учебник, од дланките како во основно училиште со дренова прачка ама и со корнење на ноктите до табаните за кои никогаш не си помислувал дека преку нив ќе почуствуваш нешто освен умора, а не пак да ти се одлепува дебелата кожа како износен опинок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)