оди (гл.) - ли (чест.)

Се надевам дека еден ден тоа ќе се прави на улица и веќе нема да биде мистерија за која се трошат толку нерви и енергија. Ќе одиме ли?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Седнува на прагот блиску до него, отпива и му вели: Ќе одиме ли денес по риба?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Немаме дури ни храброст да ги прашаме испраќачите на ваквите пораки дали навистина сакале нешто да ни речат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да ни вели: Оди ли? Е, добро е кога добро оди! Но ние не подзастануваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Денко престана да се плиска. Очите му се вжарија. - Одиме ли? - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ајде! Одиме ли? - Накаде одиме?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„А одиш ли ти на училиште?“ ја праша Едо мутулавата. „Не“, рече мутулавата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)