оди (гл.) - секаде (прил.)

Нивните дури и потсмешливи дискусии за предодреденоста на човечката судбина завршуваа со убедувања во семоќта на човечката волја – ако сакаш, можеш да сториш сè, да одиш секаде (како, на пример, во Австралија) и својот живот, како да е од пластелин, да го моделираш онака како што ти сакаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Друго ме боли, ќе им велам и одам секаде кај што ќе ми речат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)