оди (гл.) - сега (прил.)

И кај ќе оди сега? He да речите оти нема кај да оди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ауу, ме препозна, оди сега објасни тоа акушерството.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Забриши моме пенџере и тури сарма у тенџере скалите да ги пометеш џемперот да го доплетеш Чорапи немам два пара ќе одам сега на пазар кошула ми е скината забриши в куќи прашината Цел ден со другачки ломотиш сармата да не ја загориш и ништо ако не работиш назад кај татко ти ќе одиш
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Последното востание ни покажа оти овој пат по којшто одевме сега е погрешен и опасен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оди сега. И аферим за книгата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Папсан, го заврши денот пред надурленото лице на манастирскииот измеќар, кој не го пушти да оди сега и на спиење во некој ан, како што сторија другите. Напразно лутење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сета негова трезвеност, неповерлива и строга, отстапуваше, и како да не стануваше оној Арсо: фанатичен, горд и залутан. По ѓаволите нека оди сега оној Арсо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
КАТА: Ами утре, мори, ќе одиме; да е за повеќе време јас би те пуштила. Оди сега! (Ана излегува плачејќи).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Јас се викам Томаица.“ „Да, знам. Најубавото име во градот.... Како сте? Каде одите сега?“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Одам сега во Корча, во Албанија, и јас не знам кај одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам сега меѓу купиштата одринат снег, меѓу соспите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОЖО: Ајде оди сега. (Пауза) Да не се караме. (Пауза) Прочитавме што мислиш за нас, доволно е, што сакаш друго?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Значи ако одиме сега лево од тука, ќе стигнеме дома – рече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Оди да налееш, викам зар може и вода да нема. - Ниедно време е, Јоне, вели, кај се оди сега? 242
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргна човекот. Без противење. Одиме сега назад и молчиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај одиш сега ти, го прашувам. - Надолу, ми вели човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како ти е сега, синко, го прашувам. - Кај одиме сега, кај ќе одиме сега, вели и топла вода му застанува околу главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)