оди (гл.) - прво (прил.)

И кога одам прво едната нога оди напред па другата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да договори. Со Хелвиг. На пример, зошто не одат прво дома кај него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)