оди (гл.) - понатака (прил.)

За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако разбере падишахот ќе не избеси сите. Но да не одиме понатака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)