оди (гл.) - пешки (прил.)

Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако имаа коњи, патниците одеа пешки, за да се загреат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но, од метрото градот не се гледа, затоа одев пешки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Те молам, му реков. Ќе одиме пешки, по пругата, до Велес. Морам вечерва да ја видам Луција!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кондурите ни беа тесни, ние растевме. Секаде одев пешки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И не само пазачите мораа да одат пешки, ами и другите осумнаесет не можеа да јаваат на шесте коли, бидејќи колите беа натоварени со пљачки од пешаците, a речиси, сите беа пешаци, освен буљукбашијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толку повеќе што триесет и двајца од сејмените мораа да одат пешки со врзаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во социјално-станбените блокови ми пријде еден човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нека оди пешки. Да види како е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И после тоа мораш да одиш пешки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вика, женска? женска? Ми вели, Каде можам да најдам мелница за бибер?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)