оди (гл.) - пеш (прил.)

- Тргнаа, сите на коњи освен Петар, кој бавно одеше пеш па затоа го подбутнуваа одвреме навреме со еден камшик удирајќи го, да видат како трча.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од оние денови кога бевме под власт на тетка Ана, наминуваа до кај нас чичо и Борче, го зедоа нашиот автомобил што неупотребуван стоеше пред зградата, зашто чичо постојано нема што да вози: сите автомобили ги купува настаро и сѐ нешто ги поправа и преправа, а постојано оди пеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И ќе заминеше низ улицата, нема да оди со хеликоптер ниту со автомобил или автобус, ќе оди пеш, со униформата сокриена во куферчето што го носи на рамо; не сакаше никој да помисли дека е вообразен затоа што е Ракетар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Сега оди по Бел Стрит. Тој секогаш оди пеш... никогаш не зема такси... сега оди низ паркот, сега скршнува зад свиокот кај Оукхерст и сега...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)