оди (гл.) - натаму (прил.)

И долга редица жерави, доаѓајќи од кај север, од кај Прилеп, и кликтејќи јадосано ја прелетуваат Потковицата и преку Градишки Рид одат натаму на југ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зборот чинија го водеше кон сознанието дека Османлиите ги користеле керамичките плочки за декорирање не само на сакралните објекти (џамиите, турбињата) туку и световните градби (во многу одаи на царските хареми, во разни фајансови павилјони.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Љубопитството на Камилски одеше натаму.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Бугарите! - рече некој па и другите загледани назад почнаа полека да одат натаму готови секој момент да спрснат да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целата е збунета, што се вели, и само оди наваму-натаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одиме. Одиме натаму и пред тоа свртуваме поглед уште еднаш за да го запаметиме подобро местото на одлачувањето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Плати, му наточија, и се врати кај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сопна одејќи натаму, сакав да тргнам кон него, но тој, исправајќи се, ми даде знак да останам да го чекам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И животот оди натаму. Професорот останал професор, го задржал својот јавен углед и приватно згрижените книги, а студентите продолжија јавно да го почитуваат како професор и приватно да го плукаат како човек.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Алхен не можеше да не ја украде капелата. И сега тој многу се срамеше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На ѕидот, прострен од прозор до прозор, висеше парола, напишана со бели букви на парче тоалденор со боја на глушец: „Дувачкиот оркестар е пат до колективното творештво“ - Многу добро, - рече Остап, - собата за кружоци не претставува никаква опасност во поглед на противпожарната заштита. Да одиме натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)