оди (гл.) - назад (прил.)

Ти одеше назад и кога припукаа пушките летна, та нишчо не виде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Другарите се повраќаат да ме поземат, јас ги туркам нозете пред мене, а тие ми одат назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А тие кои така наредија не гледаат дека целиот свет оди напред, само ние, Грција, одиме назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)