оди (гл.) - лесно (прил.)

- Да порачаме уште. Виното го донесе сега млада жена, таа што ја чу Кочо да зборува зад преграда. Таа одеше лесно и насмеано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но не одеше лесно. Луѓето се правдаа со немањето пари за водомери, а всушност, се плашеа од можна наплата на потрошената вода во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако сѐ провртеа и, бидејќи беше зима, немаше баби на клупи на видик, похрабрите правејќи бучава, божем се работи за најлегално влегување во стан, се обидоа со хебла да го избијат цилиндарот, а не одеше лесно, па нервозниот ја скрши вратата со клоца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бездруго оваа работа не одела лесно, Коница се соочувал со низа проблеми? се надоврза Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)