оди (гл.) - заедно (прил.)

Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен со оружје, што била главна работа, неговите карвани натоварени со прехранбени, пред сѐ сточарски производи, оделе заедно со турските војски, со коморите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам која е твојата идеја за државен, а која за независен театар, ама работите не одат заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Многу нормално. Барем теоретски.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
— Тогаш да викам Мисирлијата; ја кажи ти некој што ќе одит, да одиме заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И беловодичани тргнаа назад по истиот пат по кој го доведоа Ѓорчета вчера вечер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, дал господ диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на стари години! — се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Мојот предлог е да одиме заедно до Ливада, та таму малку понараат ќе се договориме кој каде ќе фати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мама и тато секое утро одат заедно на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сигурен сум дека мама вечерта кога заспав сè му раскажала на тато, зашто тој ништо не ја запраша и наутро без мама си замина на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се плашеше сам да се упати кон тој неосвоен врв, не се решаваше да му рече на Бојан да одат заедно, зашто му се чинеше дека нему сега не му е до тоа, а го мачеше и стравот дека можеби и не ќе појдат таму, зашто може да излезе нешто непредвидено, па ненадејно да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Позитивни искуства: барбитуратите по своите карактеристики се многу слични на алкохолот и затоа често одат заедно во комбинација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оти, со доаѓањето на денот, јас го имав Земанек; Земанек беше веќе во Партијата, со мене; одевме заедно на сите кружоци; тој напредуваше одлично, и набргу ме надмина и мене во Партијата; таа наша упатеност еден на друг, преку партијата, ми пружаше утеха и мене, а верувам и нему, после она што му се случи на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Готово му е сѐ. Одовде до Струга ќе оди со Пандета, сватон твој, а оттаму има и други што ќе одат заедно до Битола.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Притоа сегашното и поранешното признание нема да си противречат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, истово ова би го рекол и сега, само со други зборови и на поинаков начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Орде, Блаже и јас цело лето одевме заедно по дрва. Јас сè уште слабо товарев, па ми помагаше Орде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таквото постоење, за да се создаде, изискува стабилен домаќински живот што неразделно се дели со едно друго лице од горе-долу истата возраст, но од различен род и различен пол (оној со кој лицето се родило, кој не подлежи на промени), во ексклузивна, дијадична, љубовна, некомерцијална поставеност што се води во заеднички домашен животен простор, воспоставен и зацврснат со сопственоста на имотот и другите облици на богатство што може да се пренесуваат на идни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што е битно е поголемиот пакет – фактот дека хетеросексуалноста си останува општествена и културна норма, дека хетеросексуалноста си ја задржува моќта на хетеронормативноста.464 ‌Хетеронормативноста е систем од норми поврзани со одреден облик на живеење, облик на живеење што опфаќа низа меѓусебно поврзани елементи, од кои сите се слеани во единствен стил на општествено постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Интимноста, љубовта, пријателството, солидарноста, сексот, репродукцијата, одгледувањето деца, поколениското наследување, грижата, меѓусебната поддршка, заедничкиот животен простор, заедничките финансии, сопственоста на имотот и приватниот живот одат заедно и не треба да се делат на различни врски или поинаку да се раситнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој систем на норми не го опишува толку начинот на кој луѓето живеат или треба да живеат колку што определува еден хоризонт на очекувања за човековиот живот, склоп идеали кон кои се стремат луѓето и според кои ја мерат вредноста на сопствените и на туѓите животи. ‌Според тие норми, достоинството и вредноста на човековиот живот се изразуваат во особен облик на интимно постоење во пар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Комбинација на стилизиран и функционален амбиент ја прави куќата подготвена да стане работно место. ¶Визиите за канцеларија дома одат заедно со фантазиите за роботи, вештачка интелигенција и трансплантирани органи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Понекогаш се обидувам да ја постигнам традиционалната рамнотежа на боите” објаснува тој, “и тогаш се обидувам да спојам бои што одат заедно исто како што боите на животните, во природата, одат заедно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едно време тргнали лесицата и в'ко да тераа за јадење нешто, на лов, и одејќи ѝ рекол в'ко на лесицата: - Ние ќе одиме заедно и шчо наеме, ќе си делиме!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поголемиот број од жените одат заедно со младенците во брачната соба, а другите поседнуваат во салонто.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, добро е во сето ова што, сепак, Томо согледа дека надворешната и внатрешната убавина не секогаш одат заедно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ќе биде победата на кралицата над таа подмолна приврзаност, тоа недолично и безгласно обземање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И сепак кога веќе ќе го затворам дневников, зашто жена или се мажи или пишува дневник, двете работи не одат заедно – сега веќе не сакам да излезам од него без да го кажам ова со радост од надеж, со надеж од радост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледај разумот и чувствата да ти одат заедно како впрегнати во плуг; ако секој завлечка на своја страна - душата се разнебитува”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Одевме заедно назад крај брегот, по она што останало од некогашниот пат, бидејќи не беше тоа песочен брег, како кај природните езера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека децата беа мали одевме заедно целото семејство.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
XVII Тане најпосле се отсели. Пред да се отсели, му вршеше притисок на брат му Оруш да се отсели и тој, да одат заедно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повремено во прв план е медискиот активизам, а повремено пишувањето и студирањето, но тие сепак секогаш на некој начин одат заедно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Странецот ја замоли да седне зад него на моторот. Да одат заедно дотаму. Да му покаже.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ме очекуваше да одиме заедно во градот, до градската куќа, каде што се очекуваше Мајка Тереза да биде прогласена за почесен граѓанин на својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Туку ти лели си при мене, нема да те оставам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си одиме заедно дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А еден ден кога Дарко му рече да одат заедно на ракометниот натпревар, Аце му рече: - Не можам, оди сам...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ремек-делата и генијалците одат заедно и со тоа што одиме од едниот кон другиот го правиме животот посигурен отколку што тој навистина е, и може да ни се случи никогаш да не ја запознаеме опасноста од современата музика или дури и да бидеме во состојба да испиеме чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Александар: Смелоста и паниката не одат заедно!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Веќе одамна не одиме заедно, туку еден по еден, со ред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиш заедно, а не знаеш кој е до тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И јас ќе дојдам со тебе, му велам, и одиме заедно горе, се искачуваме кај чешмата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе слегува Небеска долу, вели, да оди заедно со Никифор...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Теми го погледна Влатко - погледот искажуваше задоволство дека ќе одат заедно на екскурзија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поминувам за да го викнам, да одиме заедно на училиште...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Неговиот портрет претставен од Антоан Перо беше крајно необичен и впечатлив, пред с затоа што ние ретко можеме да сретнеме, кај еден ист човек, толку исклучителни морални способности кои одат заедно со една извонредна морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе неколку дена, радиото и телевизијата не имформираат дека тешки инциденти се случуваат на границата на Македонија и на Косово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали, како во случајот на Босна, на Хрватска, на Србија, ќе имаме секојдневно одгласи за разурнувања, пожари, масакри?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Портретот што го направи за него Антоан Перо беше толку очевиден што би немало потреба да се раскажува, за човек со толку исклучителни интелектуални способности кои одат заедно со сосем исклучителната морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа е моја работа. – Ај да си одиме заедно – со молбен глас рече малиот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рано утрото, беше сабота, отидов кај баба ми и му предложив на дедо да одиме заедно на прошетка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе дојдеш пак, важи? - Важи – ѝ велам и слегувам по скалите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и во паркот не би ми било страв да одиме заедно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)