оди (гл.) - долж (прил.)

Мажи во одминати години, некадарни да носат пушки, ама со нарамени лопати, одат долж колоната, ги собираат оладените.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поставивме едно јаже за да се придржуваме, и откако ја преминавме, продолживме да одиме долж речниот брег.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одејќи долж широкиот булевар, на правливиот тротоар окупиран од паркирани автомобили забележав: бабичка си фатила свое ќоше и продава врзопчиња чај наредени на картонска кутија. Ги загледав чаевите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)