оди (гл.) - добро (прил.)

И сѐ си одеше добро до оној ден кога во семејството на Профим, во неговата слога и љубов, не пукна нешто како кога одненадеж се расцепува небото и удира гром.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
До! ... до! до! Работите ич не му одат добро! ...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А зарем можеше да претпостави, во тие први години со Хелвиг, кога навистина заедничкиот живот им одеше добро, дека работите ќе земат ваков тек?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)