оди (гл.) - веќе (прил.)

- Јас не одам веќе по пчели и по муви, вели Дуко Вендија и не одам по умот од Давидета Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
VII Појавата на чадот ја заплаши и ќерка му на Илка, Кала, која беше премногу дебела: се заплаши и не одеше веќе на брегот да се лечи од дебелштијата, како што тоа го правеше, одејќи на она место каде што топлата вода правеше вир и легнуваше во него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ти со тие твои глупави дофрлувања ми одиш веќе на нерви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не одеше веќе за да ги прерипа куќите; нозете му се влечеа по калта, долгите раце млако му висеа дури до коленици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не ми се оди веќе во гимназијата, се пофалив и се зачудив на неочекуваната смела решеност со која му се доверував на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)