оди (гл.) - вака (прил.)

— А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш, бре, кај одиш вака јавно на бел ден? Не гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? — го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат на белото видело, да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами вие каде одите вака по мракот. — А бре, каде одиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За помладите читатели, приказната отприлика оди вака.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Како не сме го виделе ова, да не оди вака пусто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди вака: „Кулиси на животот. Не се потпирај. Не се потпирај на нив. Не се потпирај ептен на нив, Човеку!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чекајте, застанете, да видиме кои сме, од каде сме и накаде одиме вака, ако воопшто одиме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- А каде одат вака? - праша Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Каде одиш вака?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)