оди (гл.) - против (предл.)

А можам ли јас како негов владика да одам против сопствениот народ?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оди против себе. Ако ти се брза, успори, ако ти се оди, седни, ако ти се живее, умри. Тоа е бонтон.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Еве јас, да одев против власта, зарем ќе го имав овој имот што го имам, зарем ќе имав толку стада и сѐ бели, а?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дружете се, господине Беренц, ќе си го разубавите и ќе го направите полезен Вашиот престој на островов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)