Му оделе зад петици цели два часа, право низ шумата, а потоа, кога стигнале во Ејмершам, и го предале на патролата“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сам. Зошто? А жандармот со очила, оној што веќе окова еден крвав нож, нема ли да оди зад него?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Оди зад нив, ама наеднаш се губат зад врата..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ти си далеку и ништо не гледаш. Како слуга покорен треба да одам зад секого.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Козите чекореа кон градот. Сега прчовите одеа зад нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)