Силно го потресе судбината на козата која зборува и бара од својот господар да ја пушти да оди в планина, на слобода.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси. Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се дозборевме од шест до осум да одиме в кино.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Гледај, не плаши а снаа ми, децата. Речи и дека ќе одиш в град, по работа. Така Толе го кандиса пријателот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Да. - Но тоа ништо не менува во нашето живеење овде. - Менува, - рече дедо Димо. - Утре одиме в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Но, мамо, ништо не ми е! - извика Ване. - Ти ќе останеш дома! - строго му рече мајка му. - Болните не одат в кино.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А сега свртувај и одиме в село. Дома да ни дојдете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во неделите наутро одел в црква и слушал нејасни попски песни а попладне спиел со некоја вдовица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
МИЛКА: Не мислев јас ни самата сега. Утре изутрина одам в град.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Никој не мислиме да одиме в град, вели Лазор Перноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Почекајте, вели Јон, само малку почекајте, вели и оди в пондила. Јас одам по него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пак работеше: вршеше, вееше, ронеше пченка, колеше свиња и на децата им ја бацуваше чурилката, за да не се мочаат в постела. Ја варосуваше куќата, одеше в црква, ветуваше масло и свеќи и се крстеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И порачаа да одам в џандармерија. Рекле: болен, здрав, можел, не можел, - да дојде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Откако ќе го испразневме полето, кога ќе го суправевме по амбарите, по кошовите, по ќеварите, одевме в орман.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мораше, затоа го стори тоа. Меџлисот го натера и Мехмед-паша не ќе оди в дупка?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пред огледалото ја извадив и преостанатата шминка, а потоа го превртив на себе лесниот фустан и зедов да се соблекувам за да одам в кревет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ајде, ајде, моме Стојне, да бегаме! Аман, моме Стојне, да бегаме!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Но затоа пак денеска, на пладнина, се оди в црква со леб, со подароци, ракии, вина, мезиња и тука им е местото на сите. Особено на момите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бидејќи Ристе Бојанин не одеше в црква ни наутро, ни со подарок, Бојана беше ослободена од таа должност и спа до сонце огревање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кметот и учителот влезени се во дворот кај рибарот Дејко, го запираат да не оди в црква, туку да подготви ручек за полковниците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Време е ние со Трајчета да си одиме в село - рече Евто.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И нему еднаш му го реков тоа : „Семјоне, недела е, велам, кај нас во недела наутро божјите луѓе одат в црква. Татко ми веќе се подготвува.“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, тие мудро ги следат двете вери одејќи в петок во џамија а в недела во црква.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Албанскиот муслиманин често се женел со рисјанка, а таа со ќерките одела во џамија, а пак тие со мајка им муслиманка оделе в црква.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе ги земете котлињата и лопатите и ќе одите в река да ги наполните со песок. Не со вода.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тие денови што одевме в поле, ни се примирија црнките во очите, ни се поправи видот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега Билјана оди в училиште и не ѝ е лесно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Трето - ќе ги казнува секогаш деда си, баба си и татка си кога му се караат и кога не го пуштаат да оди в кино.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)