- Не е проблемот во џиповите. Проблем е што народот не оди секоја недела на литургија - му возврати свештеникот. - Па како да оди кога нема доверба.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Понекогаш по некоја вест ќе нѐ израдуваше, како кога стигна телеграма дека Софи, која три години пред тоа се беше омажила за фотографот Макс Халберштат и имаше заминато да живее со него во Хамбург, родила син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред тоа чекореше како млада жена, одеше секој ден кај пријателките (од некои од нив беше постара половина век) да играат карти, еднаш неделно одеше во кино, и не пропушташе ниту една театарска премиера.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Интересно, тие оделе секоја сабота на Водно. А ние одиме секоја недела. Затоа не сме се сретнале.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во болницата одевме секој ден и на ранетите им пеевме песни и им рецитиравме стихотворби. Со „Македонската крвава свадба“ не стигнавме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Една од тие воени зими беше најстудената што ја помнам; студот не ни дозволуваше да заспиеме навечер, па останувавме со мајка будни во мракот на приемната соба, тропавме со нозете по подот и триевме дланка од дланка да се згрееме, проговорувавме по некој збор, а потоа, кога ќе изминеше ноќта, кога ќе минеше утрото а ближењето на пладнето малку го ублажуваше студот, одевме секоја во својата соба и заспивавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)