одзема (гл.) - сила (имн.)

Може светецот ги запираше куршумите, ги изгаснуваше, им ја одземаше силата за потаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш, мислам дека ако ја испружам раката, ќе го дофатам и ќе го заденам како брош на реверот од моето палто, близу до моето срце и дека тој, Крстот, ќе ми помогне да го смирам ова треперење што го чувствувам со целото тело и што ми ја одзема силата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ветерот, удирајќи на карпите и дебелите борови дрвја, се крши од нив, му се одзема силата, ама новиот бран со уште поголема лутина и сила бие и зарикнува и фучи и стенка меѓу стеблата и високо над боровите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Време е да им се одзема силата на другите и од неа да се прави дирек за сопствено потпирање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го почувствува како отров кој му ја одзема силата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)