Рабинот широко ги отвора очите и погледнува зад девојката каде што се шири солунскиот Плоштад на слободата на кој стојат луѓе и гледаат во него: стотици, илјадници човечки лица, мажи, деца, жени, старци, некои познати, некои блиски, повеќето непознати и невидени, сите претворени во огромен хор што на крајот од мането, тажно ја запејува неговата омилена песна: Primavera en Salonico halli al café Mašlum una nina de ojos pretos que canta y sona ud. No me manques, tu Fortuna, del cafe de Avram Mašlum. Tu quitas los muestros dertes, que cantas y sonas ud. El ud tomas en la mano con gilvéš y con šacaš. Los tus ojos relučientes a mi me hačan quemar. 17
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И како одненадеж: усните на девојката се отвораат и оддекнува песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)