Пашата го крена седефениот мартин. Одекна истрел.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во шумичката над Дреново, во бели мугри одекна истрел.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одекна истрел, а долината го прифати и неколкупати го повтори.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Момата запре. Бргу ја крена главата и зачудено, како срните пред да одекне истрелот, ги рашири големите сини очи, погледа во правецот од каде што се чу извикот и ги стегна со раката растреперените гради.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таму, на Алилово, одекна истрел. И уште неколку еден по друг.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)