одговара (гл.) - пред (предл.)

Средствата за работа на оваа т.н. „Антимонополска комисија“ се обезбедуваат од Буџетот на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата за заштита за својата работа одговара пред Собранието на РМ [како нејзин основач] и најдоцна до 31 март до Собранието поднесува годишен извештај за својата работа (в. чл. 26, ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Буден секогаш, ги држи под контрола сите останати клетки, што со своите задачи одговараат пред него. Тој управува со сѐ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога влегов на испитот истиот тој ден, колешката што ми ги бараше книгите се бутна да одговара пред мене. Ми го зема редот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)