одвлече (гл.) - од (предл.)

Кога Онисифор Мечкојад испратил стројник со јаболко кај татко ѝ на некоја Донка, домаќинот се согласил да ја омажи ќерката зашто мислел дека ја бара миленикот на игуменијата Минодора, Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така почнало и продолжило кога Онисифор со обетката сакал сосила да му ја одвлече од олтар невестата на имењакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве, за да те разубедам и одвлечам од твоите црни мисли, ќе ти кажам што е наредниот симбол што го гледам овде ... па тоа се ... не друго, туку - чевли! Елегантни, салонски, женски чевли. - Лелеееееее!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)