Распенетите води одблеснуваат во сонцевината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Седев и гледав како сонцето се пробива низ гранките и одблеснува во водата, толку весела, толку жуборлива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Глупави потоци, глупава водо, и шумо, и птици глупави, што се радувате, што сте толку весели, знаете ли вие што ѝ се случува на мојата Мила? – им зборував во себе. – Мила моја, не смееш да ме напуштиш – ја молев по којзнае кој пат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога во квечерината на небото се појавија првите sвезди и бледо одблеснаа во езерската вода, на Свети Ахил затреперија пламенчиња на свеќи што ги запали нечија рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)