одбива (гл.) - жалба (имн.)

Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда – работодавачот, незадоволен од истата, поведе второстепена жалбена постапка, и предметот беше препратен на повисокиот 211 Апелационен суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, по разгледување на списите на предметот, судскиот совет (во состав: В. Јанкуловска – претседател, Љ. Нешкоски и А. Настевска – членови), во март 2009, ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува пресудата на Основниот суд Битола во корист на Лозановски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На оваа пресуда, работодавачот „Топлификација Битола“, не- задоволен од истата, поведе жалбена постапка и предметот беше препратен до Апелациониот суд во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, постапувајќи по жалбата, второстепениот суд донесе одлука со која ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува првостепената пресуда.5
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Конечно, во мај 2010, судскиот совет (во состав: Љ.Нешкоски – претседател и П. Јадровска и А. Настевска – членови), со пресуда која е доставена следниот месец – кога всушност таа стана и извршна, ја одбива жалбата на работодавачот како неоснована и ја потврдува првичната пресуда во корист на Ф.И. (освен во делот за каматата, кадешто повисокиот суд интервенираше по службена должност – бидејќи, во меѓувреме, беа донесени законски измени кај ЗОО со коишто се воведоа новини при утврдувањето на каматните стапки).7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, судот го поништи отказното решение како незаконито, меѓутоа постапката не заврши тука – тужениот работодавач (преку адвокатот Ј. Јоанидис) поднесе жалба против првостепената пресуда до Апелациониот суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)