„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Ваму иде, - рече старецот, огледувајќи се наоколу, како да бара место каде ќе се скрие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)